ДИК го усвои протоколот за изборите: Никој нема да може да гласа без маска

by Frosina Fakova

Државната изборна комисија го усвои протоколот за претстојните парламентарни избори предложен од Комисијата за заразни болести. Според протоколот, на 15 јули нема да може да се гласа без заштитна маска, секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете. Гласачите не треба да носат ракавици, тие се задолжителни за избирачките одбори.

-На ниту еден гласач нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска. Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за да избирачкиот одбор го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезифинцира при влезот и излезот на гласачкото место. Избирачките одбори внатре се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и пол, и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици со тоа што гласачите наведуваме дека не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките места, објаснија членовите на ДИК.

Поврзани новости