Државната изборна комисија чека приговори за прегласувањето во Теарце. Роковите течат, а засега ниту една партија не доставила поплаки за прегласувањето во спорното избирачко место во ова тетовско село.
Рокот за поднесување поплаки за гласањето истекува утре во 19 часот, додека рокот за сумирање и утврдување на резултати истекува во вторник на полноќ.
Новоизбраните пратеници ќе ги добијат потврдите од ДИК најдоцна до среда, а претседателот на на Собранието, Трајко Велјановски ќе закаже конститутивна седница на новиот собраниски состав.
Спoред неофицијалните информации, конститутивната седница најверојатно ќе се одржи во петок. Но тогаш само ќе се верификуваат мандатите, по што седницата ќе биде прекината без да се избере претседател на Собранието.