ДИК: Дезинформации се објавуваат на социјалните мережи за гласањето во затворот во Идризово

by fokus

Шпекулации со цел да се влијае на гласалачите се објавените информации  на социјалните мрежи дека во затворот Идризово затворениците масовно гласале за една партија, пренесува порталот сдк.

Од ДИК велат дека гласањето се уште трае и не може никако да се знаат резултатите во К.П. Идризово кога гласањето не е завршено.

„Глaсaњетo трaе дo 19 чaсoт. Се глaсa нa тoј нaчин штo ливчетo се стaвa вo кoверт, се зaтвoрa и стaвa вo глaсaчкaтa кутијa. Глaсoвите не се брoјaт во затворот, туку вo избирaчките местa oд кaде пoтекнувaaт зaтвoрените и притвoрените лицa. Се што се објавува на социјалните мрежи е дезинформација и шпекулација“, изјавија од ДИК.

Во најголемиот затвор „Идризово“ право на глас имаат 1.064 затвореници.

Поврзани новости