Според ДИК гласањето во дијаспората тече во најдобар ред

by fokus

Државната изборна комисија на прес конференција соопшти дека гласањето за затворениците, болните и дијаспората тече во најдобар ред.

-Сите гласачки места на територијата на Австралија, Азија и Европа се отворени и гласањето тече во најдобар ред. Државната изборна комисија е во постојана комуникација со избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето и до сега не се пријавени никакви проблеми, велат од ДИК.

Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во странство се запишани 20.573 гласачи. Своето избирачко право тие ќе можат да го остварат во текот на денешниот ден на 46 избирачки места во странство.

Поврзани новости