Државната изборна комисија денеска попладне на јавна седница ќе ги разгледува примените известувања од граѓаните кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список објавен на веб страната на ДИК.
Граѓаните досега пријавиле дека на списокот се наоѓаат лица кои не се државјани на Македонија, кои не поседуваат важечка лична карта или патна исправа, не се полнолетни, кои се на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадената адреса, кои живеат на друга адреса на територијата на Република Македонија, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, не живеат на територијата на Македонија, не живеат на оваа адреса…..
Според неофицијални информации, до ДИК досега преку подрачните единици пристигнале над 2000 пријави за недоследности