ДИК: Данела Арсовска со над 4.000 гласа пред Петре Шилегов

by Fokus

Данела Арсовска во водство за градоначалник на Скопје. Според резултатите кои ги објавува ДИК, по обработени 88,39 отсто од гласовите Данела Арсовска има водство со 4.294 гласа пред Петре Шилегов, односно кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 37,06 отсто од гласовите, А кандидатот на СДСМ 34,94 отсто. Кандидатот на Левица Перо Георгиевски Камиказа има освоено 17.441 глас или 8,63 отсто од гласовите.

Податоците на ДИК покажуваат дека Арсовска добила поголема поддршка од граѓаните на Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел. Шилегов ја ужива поддршката во Сарај, каде има освоено 5.681 глас повеќе од Арсовска, како и во Чаир каде 7.484 гласа одат во корист на кандидатот на СДСМ. Шилегов поголема поддршка има и во Шуто Оризари. Во Центар пак, Шилегов има само 725 гласа повеќе од Арсовска.

 

 

Поврзани новости