Истакнуваме дека адресните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишани како што се водат во евиденцијата за живеалиште на МВР, објаснуваат денеска од ДИК. Додаваат дека Избирачкиот список кој е објавен на апликацијата на веб страната на ДИК е резултат на методолошки обработените податоци добиени од службените евиденции на МВР, Управата за водење на матични книги и Основните судови, за државјаните на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови да се стекнат со избирачко право заклучно со 01.12.2015 година.
-Државната изборна комисија го објави избирачкиот список на својата веб страна со податоци: име, презиме и адреса на избирачите, согласно член 31 став 2 точка 28-г од Изборниот законик. Напоменуваме, дека секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија да не биде објавена неговата адреса од безбедносни причини. Барањата граѓаните може да ги поднесат до Државната изборна комисија на spadresi@sec.mk или до подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија и по истите се постапува веднаш, се вели во соопштението на ДИК.
Од ДИК велат дека врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции, Државната изборна комисија во најкраток можен рок ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список во согласност со усвоениот Правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.