Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала, моментно играч на Рома му признал на португалскиот ас Кристијано Роналдо дека го мрази. Тој ова неодамна го призна за „ДАЗН“
„Поминав три години во Јувентус со Роналдо. Тимот тогаш беше силен. Има големо ривалство меѓу Меси и Роналдо, како дете застанав на страната на Меси. Отсекогаш било така. Летавме еднаш, јас седев во опашката на авионот, а тој беше малку понапред. Тој дојде кај мене, разговаравме општо, за животот, а потоа му реков: `Како дете практично те мразев`. Се смеевме на тоа и секогаш бевме во добри односи“ – изјави Паоло Дибала.
Познато е дека ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо трае веќе со години. Јасно е дека Дибала избра страна и застана покрај својот сонародник, односно соиграчот од репрезентацијата. Меѓутоа, како одминуваше времето, тие на тоа гледаа како на шега.
Дибала се присети на периодот кога замина од Јувентус во Рома.
– Луѓето се толку возбудени овде. Неверојатно е да се слушне како ја пеат националната химна пред почетокот. Тоа е како да зјапате во уметничко дело. Кога Пинто не покани и кога се појави оваа можност, размислував за филмови за Рим, за маската на гладијаторот. Си реков дека морам да направам нешто во овој град“ – подвлече Аргентинецот.