559
Познатиот унгарски милијардер и спонзор на фондациите отворени општества, Џорџ Сорос, изјави дека не учествува во уништување на Македонија, како што го обвинуваат во земјава.
– Не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова. Јас не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму се содржи од македонски управен одбор, македонски вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата – рече Сорос, одговарајќи на прашање на МИА.