ЛП бара да се реши проблемот со екстерното тестирање

by Фокус 15:47
15:47

Либералната партија предлага две итни мерки за да се реши проблемот со екстерното тестирање, за да не претставуваат стрес врз учениците, родителите и наставниот кадар – оценките да не се внесуваат во свидетелствата за оваа учебна година и задолжително да се изземат децата со посебни образовни потреби.

„Евентуално може да полагаат само оние кои писмено се согласуваат со истиот се додека не се направи поинаков правилен начин на проверка кој нема да ги казнува и оштетува учениците ни наставниците. Тековната политичка криза ги потисна вистинските прашања од интерес на граѓаните. Да се погрижиме сегашните политички непромислености да не остават психолошки последици врз идните генерации“, се наведува во соопштението на партијата.

- Advertisements -

Поврзани новости