496
Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека воведува забрана за движење на национално ниво во обид да се запре ширењето на пандемијата од Ковид-19.
-Сега е време сите да направиме повеќе. Мора да останете дома – порача Џонсон преку видео-порака.
Тој посочи дека единствени исклучоци од забраната ќе бидат луѓето кои ќе ги напуштат своите домови заради купување, медицински потреби или дневно вежбање.