Џонсон најави лечење на ковид од дома со антивирусни апчиња

by Фокус

Британскиот премиер Борис Џонсон најави формирање владина работна група за идентификување на најефикасните антивирусни лекови што можат да се земаат од дома за лекување од ковид, вклучително и преку антивирусни апчиња.

-Ако имате позитивен тест, може да има таблета што може да ја земете дома за да го запрете вирусот и значително да ги намалите шансите инфекцијата да се претвори во посериозна болест. Или, ако живеете со некој што има позитивен тест, може да има апче што би го пиеле неколку дена за да го запрете заболувањето кај вас – рече Џонсон.

Амбициозната цел на владата оваа година, додаде тој, е да има најмалку два ефективни лекови – или во форма на таблети или капсули или изложеност на вирусот.

Поврзани новости