Британскиот премиер Борис Џонсон попладнево разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за рускиот напад на Мариупол, пренесуваат странските агенции.
Според портпаролот на „Даунинг стрит“, британскиот премиер им оддал почит за храброста на украинските сили кои продолжуваат да ја бранат слободата на својата земја, објави британскиот весник „Гардијан“.
Зеленски го информирал Џонсон за ситуацијата во Мариупол, а британскиот премиер рекол дека го поздравува украинскиот отпор во градот.
– Двајцата разговараа за потребата од долгорочно безбедносно решение за Украина, а британскиот премиер рече дека ќе продолжи да соработува со сојузниците и партнерите за да се осигура дека Украина може да го брани својот суверенитет во следните недели и месеци, рече портпаролот.