Џонсон е со добар дух, по мирната ноќ во болницата, изјави неговиот портпарол

by Frosina Fakova

Британскиот премиер Борис Џонсон е со „добар дух“ и имаше “удобна ноќ“ во болницата „Сент Томас“ во Лондон, соопшти Даунинг стрит.

Џонсон „останува во болница на натамошно набљудување“ , изјави за Би-Би-Си неговиот портпарол.

„Премиерот зборуваше со докторот и можеше да му потврди дека неговите симптоми остануваат присутни“, додаде тој. Портпаролот за симптомите кажа дека се  „температура и кашлање“.

На одредени информации дека премиерот бил третиран со кислород, портпаралот кажа дека не знае од каде стигнале таквите информации и повика на поголема внимателност.

Би-Би-Си наведува дека и од болничката соба Џонсон продолжува да ја води владата , каде утринава се слушнал со државениот секретар Доминик Раб, а во болницата ја добива и целата своја пошта и документи за потпишување.

Поврзани новости