Џони Деп настапува со Џеф Бек додека чека пресуда

by Fokus

Два дена откако адвокатите на Џони Деп ги кажаа своите завршни зборови во судскиот процес за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот ја замени судницата за сцена, пишува „The Guardian“.

Деп му се придружи на својот пријател, познатиот гитарист Џеф Бек, во неделата во Шефилд, Англија за да изведе аранжмани на песни од Џон Ленон(Isolation), Марвин Геј(What’s Going On) и Џими Хендрикс(Little Wing). На Инстаграм е објавено видео од ненадејниот настап на кое се гледа Деп зад микрофонот во улогата на пејачката.

Актерот моментално води граѓанска тужба против неговата поранешна сопруга Амбер Херд во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија. Деп ја тужи својата поранешна сопруга за клевета поради написот од 2018 година што таа ја напиша за „Вашингтон пост“, во кој таа тврдеше дека била жртва на „домашно насилство“, но не наведе дека станува збор за Деп.

Актерот бара отштета од 50 милиони долари, а Херд поднел противтужба барајќи 100 милиони долари. Исходот од случајот беше оставен на поротата во петокот попладне, откако двете страни ги презентираа своите завршни зборови.

„Има насилник во оваа судница, но тоа не е г-дин Деп. Мис Херд е всушност насилник, а г-дин Деп е малтретиран“, рече неговата адвокатка Камил Васкез. Во меѓувреме, нејзините адвокати ја повикаа поротата да го заштити нејзиното право на слобода на говор.

„Ова судење е многу повеќе од Џони Деп против Амбер Херд. Се работи за слободата на говорот, затоа станете, заштитете ја и отфрлете ги наводите на г-дин Деп против Амбер“, рече нејзиниот адвокат Бен Ротенборн.

Поврзани новости