912
Холивудскот актер, Џони Деп повеќе нема да се појави во улогата на капетан Џек Спероу во продолжението на филмот „Пиратите од Карибите“, пренесува „Дејли Мејл“.
Тој глумеше во главната улога на овој филм во пет продолженија, а информацијата дека нема да се појави повеќе во овој пиратски хир ја потврди и сценаристот Стјуарт Бити.
„Капетан Џек Спероу го направи Џони Деп препознатлив по оваа улога. Децата во цел свет го сакаат па мислам дека тоа би било одлично за него и за нас“, изјавил Бити и потврдил дека Деп повеќе нема да биде пират и бил исфрлен од филмската франшиза.