Земјотресот на Закинтос почувствуван и во Македонија

by fokus

Земјотресот што го погоди грчкиот остров Закинтос е почувствуван и во Македонија, особено на повисоките катови во зградите, со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево соопштија дека од ноќеска ја следат сеизмичката активност и оти регистрирале повеќе земјотреси што се наоѓаат на  550 километри  југозападно од Скопје, односно во соседна Грција. Најсилниот од нив е регистриран во 54 минути по полноќ и бил со Рихтерова магнитуда од 6.8.

Поврзани новости