Денеска, на денот на правосудството во употреба беше пуштена новата барокна зграда на Кривичниот суд, каде што беа присутни претседатели на судови, судии, адвокати, обвинители.
Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд објасни со што се располага новата зграда и додаде дека новата зграда значи и нов почеток.
„Кривичниот суд доби нов и репрезентативен објект. Зградата располага со 25 судници, преку 100 канцеларии, подземна гража и современ систем за надзор и компјутерска техника. Зградата која надворешно беше завршена во 2013 година, различни луѓе различно ја доживуваа. Но, јас едно ќе кажам, како што би рекол и за човекот. Убавината доаѓа одвнатре, а не однадвор. Новиот Кривичен суд убавината ќе ја креира одвнатре. Ние вработените во судот треба да ја смениме сегашната перцепција за судот и граѓаните да го посочуваат како суд на правдата. На невините да им биде овозможена правдата, а да му се суди на криминалот. Кривичниот суд поседува луѓе со интегритет. Имаме нова зграда, за нов почеток – истакна Џолев.