Анѓушев тврди дека социјалната пензија нема да биде голем товар за буџетот

by fokus

Воведувањето пензија за сите возрасни граѓани нема да претставува големо оптоварување за буџетот, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Сведоци сме дека многу средства од Буџетот биле ненаменски трошени. Мислам дека со мал број средства или мала количина средства од Буџетот на РМ ќе се решат проблеми на голем број од граѓаните кои се од повозрасните генерации, а притоа не остваруваат никакви приходи. Така што само со замена на парите за еден споменик колку пензионери и колку возрасни лица би добиле надомест и попристоен живот – рече Анѓушев.

Во врска со регистрацијата на физичките лица како ДДВ обврзници тој смета дека таа се применува години наназад, но смета дека треба да се размислува во насока да се подобри овој механизам и да не се оштетуваат пониските категории плаќачи и да се зголеми прагот кој сега е на еден милион денари.

Поврзани новости