390
Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев денеска изјави дека немало прекршување на законот при приведувањето на пратениците осомничени за настаните во Собранието на 27 април.
-Приведувањето на обвинетите пратеници за случувањата од 27-ми април е согласно законот. На својот имунитет пратениците се повикуваат дури доколку треба да се одлучува за мерка притвор. Во случајот, судот одлучил пратениците да не бидат привилегирани и да бидат приведени на ист начин како и останатите обвинети. Ним мерката притвор им беше изречена дури откако завршија сите процедури во Собранието за симнување на нивниот имунитет, рече Џолев.