Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вели дека се правени многу поголеми опструкции со АКМИС-системот отколку оние во делот на неевидентираните 860 предмети.
– Најмногу се зборува околу тие 860 предмети иако проблемот е најмалку во нив. Во овој момент, да ви дадам како информација, многу поголеми, како да кажам по мое видување, опструкции се правени со АКМИС-системот отколку тие неевидентирани 860 предмети. Претпоставувам дека станува збор за предмети коишто се работени во кривичните совети. Кога не постои шареноликост во одлуките, кога не постои избалансираност тогаш почнува да се јавуваат тие сомнежи дали одлуките се носени тенденциозно и по налог или, пак, 100 отсто од обвинетите заслужувале да им биде определен притвор се идентични ситуации, односно, нели, онаа обратната ситуација во 100 отсто од случаевите никој не заслужува притвор, вели Џолев во интервју за ТВ 24 Вести.