Џо Бајден и Камала Харис положија заклетва

by fokus 18:28
18:28

Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил, а пред претседателот на Врховниот суд на САД,  новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја.

- Advertisements -

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

По двајцата сенатори на говорницата застана и молитва прочита свештенеикот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко“.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, која е сериозно поделена од неоснованите обвинувања од досегашниот претседател Доналд Трамп за изборни измами.

Поврзани новости