496
57-годишен скопјанец, вработен во бензиската пумпа „Макпетрол“ се здобил со тешки телесни повреди, откако бил удрен со моторно возило „џип митсубиши“.
Настанот се случил синоќа околу 23.00 часот на улица „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на “Макпетрол”, кога патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С.(41) удрил во 57-годишниот В.С.
Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, каде му е констатирана фрактура на левата нога.