468
Претходната власт на чело со министерот за правда Михајло Маневски ми нудеше да бидам лажен заштитен сведок за да се одмаздат на 18 судии, тројца обвинители и Владо Бучковски, откри овчарот Иснифарис Џемаили во интервју на Телма.
-Неправда беше што ме притворија, што ми го зедоа имотот. Претходната власт ме направи пепел, зашто не сакав да земам на душа 22 души, рече Џемаили.
Тој откри дека претодната власт три пати го викала на средби на разни места и му нудела да биде заштитен сведок за, како што му рекле, да исечат 18 судии кои биле СДСМ.