Џејсон Момоа се разведува

by Fokus

На една од можеби најромантичните холивудски љубовни приказни ѝ дојде крајот – Џејсон Момоа и Лиза Боне на Инстаграм објавија дека се разведуваат.

„Сите го чувствуваме притисокот и промените во овие времиња… Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок… Тоа се чувствува и расте од сеизмичките промени што се случуваат… И така – ги споделуваме нашите семејни новости – да се разделиме“, се вели во објавата.

Тие истакнуваат дека не го споделуваат ова затоа што вреди да се објави на вести, туку за да можат „достоинствено и чесно да продолжат“ со животот. – „Нашата посветеност е непоколеблива кон животот на овој свет и кон нашите деца. Нека преовладува љубовта. Џ и Л“, пишува на крајот од соопштението.

Поврзани новости