Ракометар на Словенија со интересно признание по мечот со Македонија

by Fokus

Иако Македонија беше поразена од Словенија, нашите ракометари покажаа зрелост во текот на вчерашниот меч, а словенечките играчи признаа дека имаа сериозен прв тест на Европското првенство против Македонија.

Блаж Јанц истакна дека тој и неговите соиграчи добиле и мало изненадување од неочекуваната вест пред натпреварот.

„Бевме изненадени пред почетокот на мечот. Мислевме дека ќе игра Кирил Лазаров и се подготвувавме за него. Откако увидовме дека не е во протоколот, моравме и ние да ја прилагодуваме нашата игра. Сега треба добро да се подготвиме за следниот меч со Данска“, рече Јанц.

Поврзани новости