Џани Инфантино останува на чело на ФИФА до 2027 година

by Fokus

Џани Инфантино останува на чело на Светската фудбалска организација (ФИФА) до 2027 година.

Инфантино беше реизбран без противкандидат за претседател на ФИФА.

Изборот беше организиран денеска на 73. Конгрес на владејачката светска фудбалска организација во Кигали, Руанда.

Инфантино е 52-годишен Швајцарец кој ќе го има третиот мандат на чело на ФИФА.

Тој претходно работеше како генерален секретар на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), а во 2016 година го наследи Сеп Блатер на функцијата претседател на ФИФА.

 

Поврзани новости