434
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
Тој ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне, како што вели, „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.
„Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото“, напиша Џамбаски.