Полиција пред клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград

by Fokus

Полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград чие отворање е најавено за денеска, јави репортерот на бугарската ТВ Нова.

Според информациите на телевизијата, на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња, нешто што се случува на државни празници.

ТВ Нова извести и дека паралелно со отворањето на клубот, партијата ВМРО-БНД ќе одржи простест, но подалеку од ова место – во центарот на градот кај споменикот на Гоце Делчев.

Поврзани новости