634
Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД не е меѓу Бугарите што чекаат влез во Македонија за да се упатат кон црквта „Св. Спас“ на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Во видео порака тој изјави дека тоа што во моментов се случува на граничните премини со Република Северна Македонија е апсолутен срам.
-Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков „циркус“ и да виси на граница како дел од антибугарска кампања – рече тој.
Во зависност од ситуацијата на границата, Џамбаски и останатите симпатизери на бугарското ВМРО ќе одлучат дали ќе патуваат до Скопје.