Над 100 Бугари се очекуваат во Македонија, на граница има „црна листа“

by Фокус

Околу 100-150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за бугарските медиуми во Скопје.

Тој очекува да се исполнат ветувањата на македонските власти дека бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје ќе бидат примени непречено.

-Има податоци за запрени бугарски државјани. На крајот на денот ќе имам информации и колку се оправдани причините за тоа – рече министерот Демерџиев во одговор на прашање на БТА.

Според него, има и список со имиња на бугарски државјани кои нема да бидат примени, но, како што рече министерот, тој список не е голем.

Демерџиев, како што најави, планира да ги почека оние Бугари кои ќе дојдат да положат цвеќе на гробот на Делчев, за да може заедно со нив да ја одбележи годишнината од неговото раѓање.

Инаку, на граничниот премин Деве Баир утрово падна системот за контрола. Дел од бугарските граѓани кои сакаа да влезат во Македонија ги навредуваа македонските полицајци.

Поврзани новости