960
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека нема место за Србија во Европската унија бидејќи српските политичари „прават провокации во Косово и во Босна и Херцеговина“.
„Нема место за оваа Србија во Европската унија. Тоа е таа Србија која прави провокации во Косово, Србија која прави провокации во Босна и Херцеговина, Србија која ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина“, вели Џамбаски.