Џамбаски: Македонскиот претседател демонстрира скандалозна антибугарска дрскост

by fokus

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски бара извинување од претседател Стево Пендаровски и го повика бугарското МНР да одговори и да побара итно извинување од македонскиот претседател за неговата изјава дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи.

Тој напиша дека македонскиот претседател демонстрира скандалозна антибугарска дрскост.

– Пендаровски уште еднаш излажа дека властите во Софија имаат врска со депортацијата на Евреите од териториите на денешна РС Македонија. Докажан историски факт е дека се работи за целосна и крајна лага. Одделно, Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка. Докажан историски факт – во Кралството Бугарија никогаш на власт не бил ниту профашистички ниту националсоцијалистички режим, пишува Џамбаски на Фејсбук.

Европратеникот обвинува дека „лагите“ на Пендаровски се навреда кон бугарскиот народ и имаат за цел да ја понижат и негираат историската улога и заслуга на бугарскиот крал, црква, политичари и народ, кои сами во Европа ги спасија нашите еврејски сограѓани од депортација и смрт.

-Единствени во Европа. Дрскоста на ксенофобичните, антибугарските, антиевропските власти во Скопје оди дотаму што се обидуваат да ја негираат оваа неоспорна историска заслуга на нашата нација, која, пак ќе повторам, е единствена во Европа, од која различни политички безрбетните луѓе сега се обидуваат да не научат на разумот, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи. Но, срамот им припаѓаат на предавничките партии кои ја сменија бугарската позиција и дозволија таквите дрски бугарски мразачи да си играат и да навредуваат и да ги негираат историските заслуги на бугарскиот народ, објави Џамбаски во реакцијата.

 

Поврзани новости