Чолиќ го прекина на кратко концертот – му фрлиле градник на сцена

by fokus

Пејачот Здравко Чолиќ синоќа приреди спектакл во Задар, а за време на настапот му се случила неочекувана ситуација која го принудила на кратко да го прекине концертот.

Чолиќ, всушност, одржа концерт кој траеше три часа, а изведе дури 46 негови песни. Тој доби многу подароци од неговите жестоки обожавателки, а тие во еден момент на сцената му фрлија градник, предизвикувајќи го да се насмее, а накратко престана да пее и почна да мавта со градникот.

-Не го чувствуваш товарот од години, коски или мускули кога пред тебе има илјадници луѓе сплотени со тебе, во истата вибрација. Не верувам дека постои некоја работа или вокација во животот што делува како еликсир на младоста како пеење пред публика – изјави Чолиќ пред концертот.

Фото: Вестионлајн

Поврзани новости