489
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното интервју на ТВ 21 за постапката за импичмент за претседателот Иванов рече дека секој граѓанин може да поведе постапка за било кого.
-Пропишани се соодветни процедури за сите носители на јавни фукнции кои не постапуваат согласно законите и процедурите. Сметам дека секој граѓанин може да поведе постапка за било кого. Не го делам мислењето со Иванов дека не бил инофрмиран за процесот на преговарање со Грција, зашто сите државни функционери бевме информирани, според процедурите. Тврдењето дека Грција ги постигнала своите максималистички барања е само фарса на оправдување за тоа што не постапи според пропишаното слово, вели Џафери.