Џафери за „27 април“: Да простиме, но да не заборавиме

by Фокус

Спикерот Талат Џафери, кој пред 4 години првпат беше избран на оваа функција, по што следуваше насилниот упад во законодавниот дом, вели дека настаните од „крвавиот четврток, се најлошото нешто што ѝ се случило на нашата парламентарна демократија.

-Можеби сите ние треба да простиме. За себе лично можам да кажам дека сум простил зашто функцијата ми налага по изборот да не прекинувам комуникација со опозицијата и со мнозинството пратеници во Собранието, но никој од нас не смее да ги заборави тие настани за некој иден парламентарен состав тоа да не го повтори – рече Џафери на МРТВ.

Од денешна временска дистанца, тој посочува причина за ваквите немили настани била неподготвеноста на тогашното мнозинство за пренос на власта според мнозинската волја на граѓаните.

Поврзани новости