Џафери со честитка за празникот Голема Богородица до МПЦ и православните верници

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица на поглаварот на Македонската православна црква, на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството и на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Македонија.

„Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично да Ви го честитам големиот христијански празник. Празнувањето на големите верски празници треба да ни биде  водилка во почитувањето на вистинските вредности, чесноста и одењето напред на вистинскиот пат.  Сите заедно, сполотени, да се стремиме кон подобра иднина за граѓаните на Република Македонија, преку заемна почит и разбирање. На Вас, Ваше Блаженство, и на сите православни христијани во Република Македонија, Ви посакувам празникот да го поминете исполнети со многу здравје, среќа и спокој во вашите домови“, стои во пораката на Џафери.

 

Поврзани новости