Спикерот Талат Џафери вечерва за Алсат изјави дека со тоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ документите за парламентарните групи ги испратиле до претседателот на Собранието, де-факто ја признале неговата легитимност како спикер.
Во однос пак, на тоа дека ВМРО формираше 10 парламентарни групи, Џафери призна дека не може ништо да стори во врска со тоа и оти ваквиот чекор на партијата на Груевски може навистина да го блокира Парламентот.
– Ако тие имаат за цел да ја попречуваат работата на Собранието, тогаш го нашле начинот. Но, ако имаат за цел да придонесат за функционалноста на институциите, тогаш ова не е начин за да функционира или придонесат. Последиците од ваквите постапки политички ги плаќа субјектот кој донел таква одлука. Јас не навлегувам во нивното право на политичко дејствување“, изјави спикерот Џафери.