Заев – Звиздиќ: Да ги развиваме нашите држави и регионот, така ќе успееме кон ЕУ и во НАТО

by Fokus

Премиерот Зоран Заев, попладнево се сретна со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

Заеднички е констатирано дека двете држави се пример во регионални и европски рамки како може да се живее со богатството на различности и да се напредува, доколку за тоа постои политичка волја за развој на овој граѓански интерес.

Потенцирано е дека стратешки цели и на двете држави се Европската унија и НАТО и дека за таа цел е потребна меѓусебна поддршка на земјите од регионот, кои треба да се насочени кон својот развој, но и кон евро-атлантски развој на регионот.

Во тој правец нагласени се како важни почитувањето на европските вредности и добрососедските односи.

– Ја стабилизиравме Република Македонија и ја поставивме кон Европската унија и кон НАТО. Со реформскиот План 3 – 6 – 9 отвораме перспектива за решавање на клучните државни прашања, со што очекуваме да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, но и во брзо време да ги отвориме европерспективите. Нашите очекувања се на есен укинување на условеноста на препораката, а до следниот извештај на ЕК за Македонија и датум за почеток на преговори со ЕУ – рече премиерот Заев.

Поврзани новости