Џафери: Се надевам дека сега нема да ми поднесете кривична пријава за биолошки тероризам

by Fokus

На почетокот на собраниската седница на која треба да се гласа за недоверба на владата, собранискиот спикер Талат Џафери истакна дека треба да проверат колку вкупно пратеници се внатре во салата.

„Се надевам дека овој пат нема да ми поднесете кривична пријава за биолошки тероризам. Цело време ја кажувам потребата од онлајн седница, но нема кој да ме слуша“,истакна Џафери.

Без него во собраниската сала, се вкупно 60 пратеници, па тој даде 10 минути пауза за да дојде потпретседателот на Собранието, со цел да бидат 61 пратеник за да може да продолжи седницата.

„Предлагам седницата да ја води заменикот на претседателот на Собранието“, додаде Џафери.

 

Поврзани новости