Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испратил известување до пратениците дека треба да се најде решение за функционирањето на општините, поради неодржувањето на локалните избори во законски пропишаните рокови и истекот на мандатите на градоначалниците и советниците.
Од прес службата на Собранието соопштија дека Џафери ги проследил до пратениците барањата од Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС, кои побараа Собранието да најде решение.
-Ова прашање е исклучиво во надлежност Парламентот и бара итно усогласување на сите парламентарни политички партии во однос на потребните измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во Деловникот на Собранието, како во однос на основање на сите собраниски работни тела, така и во однос на постапката за разгледување и донесување на законите, соопштија од прес службата на Собранието.