Остварениот профит на економскиот опетатор е во рамки на вообичаениот профит од продажба на возилото „мерцедес С-600“, односно нема остварено екстра профит, истакна денеска во Кривичниот суд во Скопје вештото лице за материјално и финансиско работење Страхил Глигоровски.
Вештачењето го направил по наредба на СЈО за да го утврди профитот на дилерот од продажбата на возилото за рочиштето на Специјалното обвинителство во предметот „Тенк“, за што се води издвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.
Следното рочиште судијата Добрила Кацарска го закажа за 1 октомври кога треба да биде сослушан последниот сведок и техничкото лице на одбраната како и да се изведат и дополнителните докази од двете страни.
Судијката Кацарска за 3 октомври ги закажа завршните зворови