Џафери: Не треба да се одржат изборите, одлука за вонредна состојба ќе мора да донесе претседателот Пендаровски

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во денешна изјава за медиумите порача дека изборите не можат да се одржат во Македонија во ваква ситуација со борба против корона вирусот.

„Предусловите за одржување на изборите се невозможни и непотребни и свесни сме за новата состојба. Изборите не треба да се одржуваат. Од правен аспект, заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере. Во тој контекст, предлогот беше неопходно да се објави вонредна состојба, која ќе овозможи други институции соодветно да делуваат. Од владата ќе биде упатена предлог одлука, јас ја очекувам таа во секој момент да ја добијам. Истата предлог одлука врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кон претседателот на државата. Од формален аспект, Собранието не може да се собере поради мерките за забрана на собирање за поголеми групи во една просторија“, истакна Џафери.

Поврзани новости