Џафери најавува дека ќе закаже собраниска седница следната недела

by fokus

Следната недела Македонија ќе има нова Влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, као дел од парламентарното мнозинство, вели за АФП претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Очекувам за ден-два да ја добијам програмата на овој кабинет, и потоа да свикам седница на парламентот за следната недела – рече Џафери за АФП.

Џафери тврди дека новата Влада ќе мора да побара широка парламентарна поддршка за промени, за да го направи Албанскиот службен јазик – клучно барање на малцинските партии.

– Не е доволно само да имаш просто мнозинство – вели Џафери, бидејќи уставните реформи бараат поддршка од 2/3 од пратениците.

Додадава и дека сака да се води истрага за насилството од 27 април, кога десничарските приврзаници упаднаа во Парламентот, и нападнаа неколку законодавци, тука е потребна и „политичката одговорност”.

Поврзани новости