Претседателот на Собранието Талат Џафери, во рамки на традиционалната Mанифестација во чест на Св.Кирил, што се одржува на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, оствари средба со Папата Франциск и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин во Светата Столица во Рим. Притоа, Џафери на папата Франциск му подари скулптура на светите браќа Кирил и Методиј, изработена од познатиот македонски скулптор Томе Серафимовски.
– Денес, кога ги чествуваме светите браќа и го славиме нивното епохално дело, ви го подарувам овој дар што е симбол на мојата искрена и огромна почит кон Вас, Ваша светост. Како Албанец, како муслиман, меѓутоа пред вас во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија, денес сум тука пред вас како претставник на мојата земја, мала по територија, мала по број на жители, меѓутоа богата по својот шаренолик мозаик на различни народи, религии и култури кои значат богатство и дополнителна вредност за целиот регион и светот. Моја највисока почит кон вас, кон Светата столица, и кон делото на светите Кирил и Методиј – рече Џафери.
Тој ја предводи делегацијата составена од Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, Ирена Стефоска, претседател на парламентарната Комисија за култура, Крсто Мукоски, претставник на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието, Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата, Владимир Лазовски, заменик-министер за култура, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи…