Џафери: Комуницирав со сите пратеници, пред и зад камерите

by Фокус
За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија, туку бев претседател на сите народни претставници и комуницирав директно со секој од нив, пред или зад окото на камерата, вели спикерот на веќе распуштеното македонско собрание Талат Џафери во интервју за белградска Политика.
-Со оглед на контекстот во кој бев избран на оваа позиција, по многу тешка криза и биполаризација на нашата земја, а доаѓајќи од албанска политичка партија, мене можеби ми беше полесно за нијанса да соработувам со сите директно – рече Џафери.
Според него, резултатот на неговиот пристап е повисокото ниво на конструктивен дијалог и култура на дебатата.
-Сите, и власта и опозицијата, учествуваа конструктивно во работата на Собранието, што е регистрирано во извештајот на Европската комисија за напредок за земјата – изјави Џафери, додавајќи дека тоа дејствувало позитивно и врз релаксирањето на односите меѓу двете најголеми етнички заедници во земјатa.

 

Поврзани новости