Почина пејачот Ѓорѓи Желчески

by fokus

Пејачот Ѓорѓи Желчески кој беше дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Тој е роден во Прилеп 1938 година, а кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје.

Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која почнал да пее во дует.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други.

Поврзани новости