385
По паузата, во 17 часот продолжи денешната седница на Собранието, но без некаков напредок. Претседателот Талат Џафери кога стигна до точката за Законот за употреба на јазиците рече дека за таа точка „нема технички услови за расправа“.
-Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета, рече Џафери.
Тој потоа премина на останатите точки на дневен ред, но бидејќи немаше кворум за гласање, тоа остана за наредната седница.