Предлозите на група пратеници за промена на изборниот модел и за отворени листи се во собраниска процедура, но мислам дека во вакви измени на изборното законодавство не треба да се влегува во последните месеци од работата на Парламентот и без постигнат политички консензус, изјави спикерот Талат Џафери.
-Вообичаено, такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени – рече Џафери.
Според него, тоа би требало да се случи на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел, како што рече, да може да се остави простор и можност за другите институции да може да ги спроведат одредбите од тие измени.