532
Претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното гостување во Отворено студио на телевизија 24 рече дека тој има стан во Скопје, но сепак секој ден патува од неговиот дом во село Форино во Гостивар и за тоа зема патни трошоци.
-Јас имам стан во Скопје, во кој живеаја синовите додека студираа, но јас не спијам таму. Не спијам ни на Водно како претседател на Собранието, бидејќи сакам да бидам во моето родно место, во мојата изборна единица. И од лични причини, поради семејство, рече Џафери.